Вселенска идила


Tопол дом, весело семејство, кафе со пријателите, прошетки со соседите....мисла другарка со која пораснува секое дете, идеал на секоја жена,туристички водич во животот на секој маж а сон на секој човек. Сон со своја насока, насока создадена од една цел, цел да дознаеме каде ќе се движиме кога ќе се разбудиме.Сонуваме за да можеме да живееме, живееме за да сонуваме, сонуваме за да ја создадеме својата иднина...

Мајскиот бумбар реши да пролета и преку нејзиното рамо, намирисувајќи го мирисот на цвеќе кој таа го ширеше од нејзината детска невина игра со нив. Пролета, но не замина, се врати, му се допадна тој мирис или едноставно му беше недопрен, непочуствуван досега па го натера да наврати повторно. Застана на нејзиното месо, на тој крај каде што стоеше рамката што ги држеше нејзините гради. Ја виде неа како бела чиста патека до задоволството, па опиен од опојниот мирис тргна да види до каде ќе го одведе таа...и не погреши, таму се наоѓа рајот на земјата. Почна да ја скокотнка, ја засмеваше, а таа наивно не испитувајќи ја подаде раката како да сака да склопи ново пријателство...но тогаш тој побегна,едноставно ширејќи ги своите крилја. Замина да бара можеби друг цвет, кога овде веќе се почуствува загрозен? Но имаше ли воопшто причина за грижа? Можеби таа само сакаше да бидат пријатели?! А можеби тој не сакаше таква длабока врска? Можеби само сакаше да се насладува на нејзината убавина како што беше научен од претходно...од цвет на цвет, постојано во лет? Така се чувствуваше слободен, мислеше дека е постојано во облаците или? Како и да е, утредента еве го пак! Прелетува над нејзината глава, како да танцува, но овојпат не и украде насмевка, туку и ги зароби мислите! Така неколку дена, неколку месеци и го мамеше погледот, се додека не зазема важна улога во таа глума на игра! Овој бумбар бараше нешто несфатливо за неа, да стане таа негов цвет! Па тој веќе ги имаше премногу, му нхедостасуваше ли овој во неговата колекција? Девојкава беше од крв и месо а тој од неа бараше да свене и да порасне одново како некоја вегетација. Значи таа да биде носена десно, лево по волјата на ветерот додека тој царува воден по неговите желби! Би можел ли некој да успее да исцеде капка мед од ваквиот исход? Ова беше мед во усните а онаа горчина во душата! Зошто тој не згасне и не се прероди во човечко суштество? Што го делеше од реализацијата на оваа идеја: Чуствата, секако! Тој не ги делеше, тој само со страст бараше утеха во тие цветни прегратки! Но од него не се бараше цела лажица, една до две капки наслада би му биле доволни за да ја почуствува блажината пред да се навикне на неа! Но, не! Нему не му беа доволни или тој не сакаше да се изгладнува или немаше дотогаш слушнато дека ’too much love will kill you’?! Кој може да ви одговори ако овде не просведочат чувствата? Е тоа би било праведно, но како да ги разменат кога не можеа да ги примат? Така, од таа причина овие две форми на живот започнаа да ги губат своите бои, таа свена а тој згасна...Како по договор да ја применија тајната на фениксот. Одново се преродија, овојпат во адолесцент и тинејџерка! Таа по природа хипик, тој природно под хипноза. Таа вешто криеше, тој уште повешто умееше да открие. Љубовта, вечно љубопитен гениј и најчеста инспирација? Им влезе под кожа таа идеја за чувство. ’’Деновите ни минуваат но спомените остануваат...’’-како да пееја...а всушност секој со своите вртлози од мисли. ’’Is that love that I’m feeling?’’-тој изрече а претвори во прашање со жарот во неговите очи, а таа само го повтори истото, не дозволувајќи да прочита од нејзините! Па зошто и би? На момчево ’’не’’ му беше рамен можеби ни Казанова, а глумеше можеби Ромео зад чија маска можеби се криеше Scarface? Човекот со повеќе лица ја искушуваше! Неа, девојката со повеќе света! Интрига танцуваше по вените на двајцата можеби. Дали тој навистина најде нешто посебно во неа а дали таа тоа го споделува... Желбата за знаење ги натера да искусат заеднички моменти, им даде шанса да си ја нахранат љубопитноста! Се случи да зачекорат во еден од нејзините света а таа запозна едно негово лице! И се допадна во тој момент, а се здоби со впечаток дека тоа беше взаемно. Но нешто и велеше да не фантазира премногу. Човекот колку домови ќе засака а сепак се враќа на првиот праг...а беше ли таа неговиот дом, во кој тој ги гледа неговите неродени деца? Знаеше да изусти дека е единствена и скапоцена, нешто чисто кое го има и на кое се гордее и во кое верува, но беше ли тоа што го изустуваше така или можеби таа поезија ја говореше Ромео од него во име на Scarface? Или тоа таа се загуби во прегратките на Казанова? Можеби тоа момче беше еден од оние „Занес и поезија“?! А можеби пак падна од Марс, а таа се спушти од Венера за да се сретнат на Земјата, како што еднап рекол еден познат автор?! Веројатно судбината така сакала. А навистина, сакаа ли тие? Да или не, нивниот живот продолжуваше, нејзиниот во училишните клупи, неговиот на работното биро. Одеа во две различни насоки, а вистината како да побегна од нив. Кои беа тие всушност за да ги следи?! Таа личност во вечна нејзина потрага што ќе и овозможи безусловно да ја применува а тој некој кој клучот со вистината го гледа во спокојството со лагата! Па како и сакаа таа да ги следи! Ако постојано бараш нешто што знаеш дека неговиот калап е во твоја сопственост а не ти пречи да кажеш дека си на Хаваи додека си во Дубаи тогаш е бесмислено да се чекори во исто темпо со вистината кога си во друга димензија! Зар поважно од среќата на овие двајца беше книгата на гревови и можни животни разочарувања која ја земаа токму нивните најблиски за да им судат? Дали и ги познаваа доволно за да можат да бидат водени од своите впечатоци и импресии! Не можеш само да живееш со некој и да го познаваш целосно поради тој факт. Што ако ноќта кога се вселил во вашиот стан ја носел маската на своето лице од забавата маскембал на која што претходно присуствувал, а ти го запознаваш како таков и не ја забележуваш неа, па и го прифаќаш како таквов, а тој не стигнал да ја извади од недоволна самодоверба, моментална мрза, себичност а можеби и страв, за подоцна да заклучи дека е доцна да го открие своето вистинско лице?! Можеш ли по оваа претпоставка да бидеш сигурен за вситинскиот идентитет на личноста до која или независно со која си? Ете тоа е она што идејата за чувството љубов ти овозможува доколку си нејзин застапник:сигурност! Тоа уште може да се почуствува и во прегратките на родителот, но тогап таа е безусловна! Во спротивно доколку ја бараш од некој друг ќе дознаеш дека оваа вештица од чувство почнува да те дружи дури кога почнуваш да растеш! Како да сака да ти ја украде невиноста на дете! Но животот менува, поставува услови а ти за да продолжиш мораш да избереш! А најтешко е да избереш кога изборот е понеѓу оваа безусловната и оваа другата! Како да бидеп целосен без едната?

Се избраа ли овие двајца самите во овој голем резервоар? Како тоа? Таа држеше парче магнет со јужен пол а тој со северен па се привлекоа? Или тој најде утеха во неа а таа свој обожавател во него?! Таа му пружа трошка разбирање а тој за возврат грст нежности! Ама почекајте, како се запознаа странците на овој свет? Па се разбира во месецот мај, кога славеа за неговото доаѓање. Тој покажуваше загриженост за нејзината „состојба“ а таа тајно го проучуваше, но сега во телата на двајца млади! Но сепак тој во душата како да беше истиот оној мајски бумбар а таа малото девојче. Во нејзиното срце имаше доза на страв дека таа ќе стане само глас во мнозинството а и доза на љубопитност што се криеше во неговото! Страв од минатото, болка во сегашноста, последиците во иднината...Insomnia во минатото, будност во сегашноста а свесност дури во иднината...Алтруизам прераснат во апатија поради мисла за одмазда или само нешто очекувано да биде такво? Дилеми кои предизвикуваат мали непријатности во сегашноста а за иднината оставаат разбори? Мало момче кое тежнее да остане дете но чија судбина е да остари? Возрасна личност која се забавува обидувајќи се да ја почуствува чистината на полетните младичи? Празнина непотполнета која дарува од мноштвото на ласкавецот со надеж дека за возврат ќе добие нешто мерено со калапот на празнината а сепак ќе ги одземе зборовите кои би излегле од што друго ако не од мисла на Тешкотија со желба за подобро? Лузна чијашто сегашност се заканува дека ќе ја претвори во жива рана нејзината Иднина доколку и дозволи да постои! Што од ова? Не се знае, затоа и од таму љубопитноста. Да, ја привлекува таа кон него. Ах, младост лудило до бесвест. Тоа не ја пушта да резонира некои работи, чувството дека лудоста и припаѓа на младоста и треба да е дел од неа! Лудо лудило налудничаво лудуваше или? Што да направи таа? Да следи или да пушти корени: Што прави и ќе прави тој? Живее по свое, таа го нема правото да смени нешто во него, што доаѓа од него или пак Него. Тој е тој, таа е таа.

...БЕА тој и таа. Сега се Тој и Таа. Времето поминува а не заборави да ги допре и нив. Ако не значително постари ги направи незначително помудри. Но раскажувам за нив двајцата како да постои нешто големо, а ни тие самите не знаат за тоа. Префинетиот начин на либидирање на неговата личност, со неколку зборови филозофија, неколку мудрост, други бесмислени, испреплетени во реченици украсени со комплименти, препратени со дискретна сензуалност, го оделија од другите. Таинствена насмевка, како „Мона Лиза“, комплекс на идеи скроени од нејзината фантазија, исклучително трпение со посветување неограничено внимание, широкоградост именувана како наивност, се сметаше дека ја карактеризираат. Потенцијални хакери или ERROR, мислев : кракери, поети, бивши и сегашни, уметници, претпоставени или на работ да станат, слаткоречиви, специјализирани во тоа или едноставно неопходни за нив, тоа беа тие. Велам тие, не Тие! Не зачекорија во тие води, само се заплискаа во нив за да ја почувствуваат свежината што би им ја донела, свежината што им беше потребна во тој момент од животот. Ама водата не знаеме дали била бистра или валкана, тоа останало на нивните сетила да оценат. Ама до кога ќе трае таа нивна желба за зближување? Вечно или е запишана само како неколкумина датуми во календарот што виси по ѕидовите на нивниот ум? Ќе покажат а сигурно и ќе докажат, барем ќе треба! Но паметна идеа е да ги насликаат нивните мисли. Таа еднаш и го стори тоа, кога мислите за него и станаа доминантни. Зема четки и бои и реши да создаде нешто што е всушност таа, реши да наслика нешто. Тогаш се сети на тој ден кога зајдисонцето во од и топла прегратка и ја оживеа нејзината замисла за идила. И таа реши за тоа да се заблагодари и е благодарна. Мислите почнаа да пецкаат. Имаше друга личност на нивниот пат, ако не и личности. Но оваа на нејзината слика сакаше да стави вето преку чувството на вина. Сликата го вкочани моментот кога трагите од двајцата млади кои чекореле по патеката почнале да исчезнуваат. Многу бои измешани нијансираа откривајќи ја дури и посветата....од....за....Додека таа сликаше, тој зборуваше. Од неговата уста,излегуваа убави зборови. Знаеше да покаже внимание и да направи да почувствуваш дека неговиот свет ти припаѓа само тебе. Таа едноставно се чувствуваше задоволна од себе, веруваше во себе. Полека но сигурно тој работеше на тоа да си обезбеди место во нејзиното срце. Неговиот допир почнуваше да и биде потребен, очите и се успокојуваа кога ќе го видеше а срцето, срцето и чукаше од силна возбуда а сепак и се исполнуваше! Тоа ли го сакаше тој, да и стане неопходен, да го сака лудо и неизмерно? Чувствуваше таа секако силна „блискост“ но ако би посакал да ја забележи немаше да ја пронајде во зборовите туку единствено во делата, требаше само внимателно да се погледне за да се утврди тоа, а не да постои сомнеж доколку постоел. Сигурно храброста за во една темна вечер таа осамена да тргне во неизвесноста на природата не произлезе од едноставна љубопитност туку од желбата да го види. Но не само тогаш, туку и во други моменти таа ја собираше како еднаш кога тргна кон неговиот дом со цел да размени неколку збора со него и иако посетата заврши кобно таа или доживеа амнезија или самата си ја предизвика. Да приспомнам ли за денот кога врнеше а таа чекореше по дождот слушајќи за неговите доживувања или пак вечерта кога се радуваше на него и на „потполната“ осаменст во ноќта, или пак чудната вечер која започна со топло чоколадо во негово и друштвото на неговите пријатели , продолжи со игра на lady and gentleman а заврши во прегратките заштитена од студот на вечерта? Но храброста се исплатеше, иако некогаш се враќаше дома принудена по патот да си биде самата свој доктор. Сигурно таа не сакаше да се најде на средба па да стане третата точка на љубовниот триаголник. Нејзините очи не уживаа во тоа а заврши како некој скитник во доцните часови со мисли разборавени, гордост нагризана и чувства повредени. Замрзна, па почна да не го чувствува ладното. Не го заборави тоа но тој направи како да не се случило. А што доби од храброста пак кога излезе сама само за да го види? Ништо, повторно се врати сама дома. Тоа се повтори повеќе пати. Но случајните зборови најмногу погодуваа. Некој и говореше за некакви изненадувања, со очи полни лицемерие, тоа го можат само мачките. Среќа се обележа тој некој па ако не друго на неговиот грб можеш да забележиш, ако не неговата природа тогаш неговата сегашна тенденција.

Тие се менуваат како минува времето, нивните мисли и нивните чувства. Тој и таа не се повеќе заедно. Се договорија да заминат, но останаа. Тој таму, а таа некаде на друго место. Заминаа од постојното но не и од спомените и мислите. Заборавија на ентузијазмот кој постоеше на почетокот. Некој го уби! Кој е злосторникот? Да го најдеме, тој треба да се исповеда. Треба да се открие причината за прекршувањето на љубовното ветување, за кое всушност и не е сигурно дека било дадено. Па всушност постоеше ли нешто што ги поврзуваше овие двајца? Што и да беше тоа неа и одзема повеќе отколку што и даде и со неговото присуство и со неговото отсуство. Чуството на вина или чуството на отсутност? Празнина или исполнетост која нагризува? Што кога би имале желба да ја видите вселената и сте дале ветување за тоа а дознаете дека не е можно за еден човечки живот да се отпатува до таму ќе сватите дека помеѓу овие двајца идилата е само вселенска додека тие се земски суштества, па морате да се запрашате:


Каде животот ја наоѓа својата утеха?



Се се случува со причина...Но и чуда се случуваат...



Па луѓе кога гледате во тие точки на небото што се појавуваат кога сонцето заоѓа најпрво видете ги првите две што се појавуваат. И јас ќе ве прашам : Што мислите што се тие, и претпоставуваме дека ќе ми одговорите Ѕвезди! Но јас ќе ви речам : Таму некој прави забава! Ќе се запрашате Зошто а јас ќе ви одговорам дека тие две ѕвезди се нишката што ја создаде новата планета Фејт од соѕвездието на фамилијата Надеждни...Аа и да, оние другите ѕвезди што ќе се појавуваат се нивните деца, и внуци, правнуци...Но можеби ве интересира за нивното прво дете, па за да ја нахранам вашата љубопитност, доколку ја има, ќе ве послужам со чинија Ѕвезден прав, што предизвикува посебни ефекти во вашите усни....отпрвин малку ве скокотка, колку да ви изнуди насмевка, потоа ве тера да дувате за да ја раширите во воздухот магијата која ја носи во себе за на крај да видите танц на мали жолти светкави светулки кои фатени за рака се претвараат во жолтата врвца која вие ќе треба да ја подарите на некоја од вашите „прошетки“ кога ќе почувствувате дека тишината помеѓу двајца е пријатна, затоа што ако можете да ја разберете тишината ќе можете да ги разберете и зборовите од личноста со која ќе создадете свое сопствено соѕвездие и на суперновата ѕвезда која ќе ја создадете ќе и ја подарите таа жолта врвца за да се продолжи нишката која го поврзува човештвото одсекогаш и го одржува во живот давајќи му светлина,топлина,енергија во простор и место кои подоцна самото може да си ги создаде повторно и повторно....